Од последна опција и чуден избор, до полн погодок: Баерн му го продолжи договорот на Компани

by bojan
1 минути читање

Баерн Минхен попладнево соопшти дека тренерот Винсент Компани ставил потпис на нов договор и ја продолжил соработката до јуни 2029 година.

Кога „баварците“ бараа наследник на Томас Тухел во 2024, беа одбиени од голем број на звучни имиња.

На крајот тие се решија за Винсент Компани, изненадувачки избор со оглед на тоа што стратегот испадна од Премиерлигата со Барнли.

Но тој се покажа како полн погодок, Винсент Компани ги склопи коцките, ја врати титулата во Бундеслигата, а сега имаат совршен старт со 11 победи и 40 постигнати погодоци.

Па раководството на клубот реши да го награди со нов договор и соработка до јуни 2029 година.

„Сакам да му се заблагодарам на Баерн за довербата и за работната средина која ми ја овозможија уште од првиот ден“ – вели Компани.

„Имам чувство како да сум тука многу подолго и како одамна да го познавам клубот“.

„Започнавме едно прекрасно патување, па ајде да продолжиме со напорна работа и да прославиме уште многу успеси“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×