Од Португалија најавуваат: Бруно Фернандеш е нов играч на Манчестер јунајтед, ова се деталите

by
1 минути читање

Бруно Фернандеш
утре треба да отпатува за Манчестер за да го комлетира трансферот на Олд
Трафорд, оваа вест вечерва ја пренесоа весниците О Жого, Рекорд и А Бола.

„Ѓаволите“ со
недели се обидуваа да пронајдат договор со Спортинг, имаше гласини дека
преговорите пропаднале, денеска дури и се пишуваше за лудо сценарио во кое
Барселона ќе го купи Бруно Фернандеш и ќе го испрати на позајмица во Валенсија
со цел да го добие Родриго.

Сепак, Манчестер
јунајтед на крајот успеа да си подаде рака со „лавовите“ за трансфер кој може
да чини и до 80 милиони евра.

Како што пишуваат
изворите од Португалија, клубот од Олд Трафорд ќе плати 55 милиони евра, плус
додатни 10 милиони евра во лесно остварливи бонуси и плус додатни 15 милиони
евра во малку покомплицирани бонуси.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×