Од момче кое собира топки до првотимец на Манчестер јунајтед за три месеци (ФОТО)

by
2 минути читање

Манчестер јунајтед на 24. мај игра финале во Лига Европа против Ајакс и
„Специјалниот“ ќе ги чува силите за овој натпревар, кој може да им донесе
настап во Лигата на шампионите.

Па Жозе Мурињо најави големи промени во тимот за средбата со Кристал Палас во
недела.

Менаџерот на „Црвените Ѓаволи“ планира да игра со деца, а за медиумите
особено е интересен 16 годишниот Анхел Гомес.

Тој пред само неколку месеци беше момче кое собира топки на Олд Трафорд, а сега има шанса
да стане најмладиот дебитант на Манчестер јунајтед во Премиерлигата.


Анхел Гомес оваа недела тренираше со првиот тим, и Жозе Мурињо на прес
конференцијата го именуваше како еден од играчите кои би можеле да добјат шанса во
недела.

Се работи за офанзивен фудбалер од средниот ред, кој може да игра на неколку позиции, односно како лево или десно крило, или пак веднаш зад напаѓачот.

„Анхел Гомес е млад талент од кого очекуваме многу во иднина” – рече неодамна легендата на Манчестер јунајтед, Ники Бат кој е тренер на У23 тимот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани