Пол Погба
предвреме го заврши дуелот со Базел во Лигата на шампионите и во прв момент се
најавуваше дека тој ќе отсуствува од терените две недели.
Но потоа се
појавија информации дека повредата не е наивна и Французинот ќе биде надвор од
стројот помеѓу четири и шест недели.
Но последните
песимистички најави на медиумите од „Островото“ велат дека играчот го чека
пауза од ТРИ месеци.
Тајмс пренесува
дека деталните прегледи покажале исекотина на мускулот од трет степен, а покрај
задната ложа, Пол Погба ја оштетил и тетивата. Па „Црвените ѓаволи“ стравуваат
дека тој ќе биде надвор од стројот 12 недели и ќе се врати на терените дури во декември.
Со една ваква
прогноза, Французинот ќе пропушти дури 18 натпревари.