Од лошо, полошо: Кејн ќе мора на операција, Тотнем без напаѓачот до април месец

by
0 минути читање

Хари Кејн се
повреди против Саутемптон на првиот ден од новата година, и во прв момент се
предвидуваше дека тој ќе паузира околу шест недели. Но попладнево Тотнем соппшти
дека напаѓачот ќе биде надвор од стројот дури три месеци.

На совет на
специјалисти, Хари Кејн ќе оди на операција за да санира скината тетива. во задната ложа на левата нога Очекувањата се дека голгетерот ќе се врати на тренинг во април.

Тој ќе пропушти
најмалку 11 натпревари од Премиерлигата, двомечот против РБ Лајпциг во Лигата
на шампионите како и реваншот со Мидлзбро во ФА Купот. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

×