Лацио тврди дека
постои конспирација против нив, а истата под влијание на нивниот голем градски
ривал, Рома, тим кој индиректно го посочи во ‘другата екипа во престолнината’, мислејќи во Рим.
Лацијалите
викендов киксираа пред своја публика во дуелот со Сасуоло, играјќи реми со
резултат 2-2, во меч кој беше од големо значење за нив во битката за место во
топ четирите екипи сезонава во Серија А.
„Да се вели дека
вчерашниот пенал не беше единствен е тотално лоша шпекулација“ изјави
портпаролот на Лацио, Артуро Диаконале, возвраќајќи на жестоките критики од
јавноста поради контроверзниот пенал со кој тимот од Рим поведе против Сасуоло.
„Мораме да
прифатиме дека постои несфатливо однесување во делот од големите публикации,
кои доаѓаат од Север, тие имаат интерес од тоа да го фрлат Лацио во лоша слика
за да го фаворизираат нивниот тим“ додаде тој.
„Медиумите
пишуваат нешто што воопшто не е точно, како на пример Лацио бил фаворизиран
вчера, ние бевме сведоци на многу бизарни ситуации сезонава, а можеме да посочиме
неколку примери за тоа, едноставна е нивната намера, сакаат да го направат
нашиот пат тежок во претстојните седмици, посебно за нашите две пресметки
против Милан во првенството и купот“ посочи Диаконале.
„Медиумите мора
да бидат независни и објективни во своите известувања, сепак, имаме медиуми кои
се под влијание на другиот тим во престолнината“ заврши првиот човек за односи
со јавност на Лацио.
Лацио во моментов
има 49 бода, три помалку од четвртопласираниот Милан, но и меч помалку од
Росонерите.