Од Каљари упатија
максимална поддршка до напаѓачот на Интер, Ромелу Лукаку, кој се соочи со
расистички навреди од трибините во синоќешната пресметка која „Нероаѕурите“ ја
добија со 1-2.
Лукаку погоди и
во вториот меч во Серија А, меѓутоа неговиот погодок од пенал против Каљари за
победа на Интер и втора победа во низа остана во сенка поради големиот проблем
со кој италијанскиот, а воедно и светскиот фудбал на генерална основа се соочува од поодамна, расизмот.
Во официјалното
соопштение во јавноста, Каљари стави јасно дознаење дека како клуб е посветен
во борбата против расизмот, меѓутоа категорично ги отфрли обвинувањата кон
нивните навивачи кои генерално беа наведени како расисти.
„Каљари како клуб
целосно се дистанцира од непосакуваните моменти кои се најдоа во центарот на
вниманието во текот на мечот против Интер“ се вели во соопштението.
„Клубот е јасен
во својата полика, постои интенција за да се идентификуваат, изолираат и
суспендираат оние игнорантски индивидуалци, чии срамни потези и однесување
целосно се косат со вредноста на Каљари“ додава клубот во своето соопштение.
„Упатуваме
максимална поддршка до Ромелу Лукаку, па дури и поголема посветеност во борбата
со таа појава, една од најлошите кои има ефекти врз фудбалот и нашиот свет во
генерална основа, како и да е, со оглед на фактот што технологијата не е
доволна, веруваме дека посветеноста бара вистинска и реална поддршка од
останатиот дел од фудбалскиот свет, почнувајќи од вистинските фудбалски
навивачи, до сите оние стјуарди на трибините, од полицијата и безбедносните
агенти, до медиумите. Каљари како клуб бара помош за да ја добие битката во
која сме инволвирани сите, никој не е исклучен“ заклучуваат во Каљари во
соопштението за јавноста.