Од Ирска до Лондон да навива за Челси, а ова било „шлагот на тортата“ за младиот фан… (ВИДЕО)

by
2 минути читање

На младо момче од
Ирска му се случи нешто за што сигурно многу му завидуваат во моментов, откако тој
бил да го проследи првиот меч од трибините на Стемфорд Бриџ за неговиот омилен
тим Челси.

Даниел МекГи
престојувал во хотелот кој е инаку дел од Стемфорд Бриџ, а ѕвездите на Челси,
како Еден Азар и Давид Луиз го израдуваа со тоа што се фотографираа со него,
но, радоста за него немаше крај откако Вилијан му направи задоволство на
најгенијален начин.

Најпрво откако го
здогледал Бразилецот веднаш се упатил кон него трчајќи за да добие автограм,
но, тоа не било се
, откако
ѕвездата на Челси реши да одвои дел од своето време и да поигра со него со
фудбалската топка.

Даниел побара
автограм, јас во моментот бев зафатена подготвувајќи ја камерата, па не слушнав
одблизу, но, веднаш потоа го видов Вилијан како се сврте кон Даниел и не ми се
веруваше во тоа што го видов
“ рече мајката на Даниел, Берни која го сподели
видеото на социјалните мрежи.

Но, го слушнав
моментот како му довика
Дали сакаш да играме?, и така почна нивната дружба, потоа тој момент го
снимив, ние сме се уште во шок, се уште не можам да поверувам дека тој си играше
со него со топката
“ додава таа во изјавата за Ајриш Мирор.

Таткото на младото
момче пак, во изјава за истиот медиум, откри дека неговиот син е член на
екипата Агало О Нилс, а на видеото јасно се гледа дека Даниел поседува
фудбалски вештини.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×