145
Во текот на оваа недела играчите на Оле Гунер Солскјер поднесоа барање за кинеска виза, но тоа не го стори и Пол Погба.
Вестите само ги подгреваат шпекулациите дека Погба ќе го напушти Манчестер јунајтед ова лето и ќе се пресели во Реал Мадрид.
Но, клубот инсистира дека Погба ќе аплицира за виза подоцна од другите поради проблеми со пасошот.
Јунајтед инсистира дека Погба не е на продажба и покрај интересот од Реал Мадрид за кој тој е една од главните цели.
„Не можете ништо да гарантирате во фудбалот, но мислам дека Погба и следната сезона ќе биде тука. Можам да ве уверам дека тој е многу посветен за успех на Манчестер јунајтед“, изјави Солскјер.