Гостивар по натпреварот со Тиквеш објави второ соопштение, но овојпат не за лошото судење туку многу посериозно.
Прволигашот обвини дека неговите играчи и цел тим биле отруени во Кавадарци. Наводно тие направиле испитувања кои докажуваат труење кај сите кои биле во кавадаречкиот хотел. Во Гостивар тоа го толкуваат како обид за саботажа пред натпреварот и не оставија простор за грешка или ненамерно труење со храна.