„Црвените“ го забележаа најдобриот старт во својата сезона и за прв пат во 126 годишната клупска историја имаат седум победи од исто толку мечеви во сите натпреварувања.
Според пишувањата на „Спорт Билд“, заслуга за перфектниот учинок има и тајната напивка која Јирген Клоп им ја дава на играчите по секој натпревар со која им се подобруваат перформансите.
Напивката е направена во соработка со поранешниот пливач Марк Варнеке кој испиша своја страна во историјата откако стана најстариот натпреварувач кој победил на големо пливачко натпреварување по 1971. Во 2005, на 35 годишна возраст тој стигна до титула на 50 метри градно на Светското првенство. Германецот неколку години подоцна откри дека исхраната била клучен дел за неговиот успех.
Па „Црвените“ стапиле во контакт со него и му понудиле да работи покрај нивниот главен нутриционист Мона Немер. „Спорт Билд“ пренесува дека Марк Варнеке развил две специјални напивки за играчите на Ливерпул, кои фудбалерите ги користат по тренинзите и натпреварите. Напивките се многу ефективни кога станува збор за опоравуање по напорна работа и го намалуваат заморот.
Тајната напивка наводно веќе била под лупа и постоело сомнеж дека можеби си кршат правилата за анти-допинг, но таа ги поминала сите тесотви и нема докази дека формулата е нелегална.