Од Франција најавуваат: Лаказет во следните 48 часа станува нов „топчија“, познати и детелите

by
2 минути читање

Нови гласини за
трансфер на Александре Лаказет во Арсенал, последните информации од Франција
велат дека напаѓачот во следните 48 часа ќе стане нов „топчија“.

Денеска се
појавија стории дека Арсен Венгер ќе ја изедначи понудата на Атлетико Мадрид
(53 милиони евра плус додатни 12 милиони евра во бонуси) за да го ангажира
својот сонародник.

Но вечерва се пишува за нешто помала сума, блиска до границата од 50 милиони
евра, која ќе биде рекордна и за Арсенал и за Лион.

„Сумата од 67
милиони евра не е реална

вели извор близок до Лион.

„Првата понуда на
Арсенал беше 45 милиони евра. Трансферот ќе изнесува помеѓу 45 и 50 милиони
евра
.

„Да се биде
блиску до сумата од 50 милиони евра е уникатно, и веројатно ќе биде рекорд и за
Арсенал и за Лион
”.

Рекордно
засилување за Арсенал е Месут Озил, за кого беа платени 41,5 милиони фунти.

50 милиони евра,
колку што се споменуваат во последните стории, вредат 44 милиони фунти.

Останува да се
види какви ќе бидат конечните бројки, но се појасно е дека Арсенал го добива
првото засилување за сезоната.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани