Од европски и светски шампион со Барса до близок човек на нарко картелот Лос Флорес (ФОТО)

by
2 минути читање

Властите од САД вчера објавија список со имиња на лица и компании кои
добија санкции поради поврзаност со нарко босот Раул Флорес Ернандез, прв човек
на картелот Лос Флорес.

Тој не е многу познат на јавноста, но луѓе блиски до Агенцијата за
сузбивање на трговија со дрога (ДЕА) велат дека можеби е на исто рамниште како
„Ел Чапо“ Гузман.

На списокот има 21 државјанин на Мексико, помеѓу кои и Рафа Маркез, еден од
најпознатите фудбалери во историјата на Мексико и поранешен играч на Барселона.
Дефанзивецот во дресот на Барса освои се што можеше да се освои.

На црната листа се најдоа и 42 компании од кои девет се во сопственост на
Рафа Маркез.

На сите овие лице им се повлечени визите, средствата им се замрзнати и
компаниите од САД имаат забрана за било каков бизнис со нив.

Рафа Маркез веднаш се огласи, рече дека погрешно е обвинет и најави дека му
претстои најтешкиот натпревар со кој треба да си го обели образот.

„Во мојата кариера имам одиграно многу средби, но ова е мојот најтежок
натпревар, ќе се обидам што поскоро да ја разјаснам оваа ситуација”
– рече Рафа
Меркез на прес конференција.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани