„Од Џенова… до Амстердам. Приказна која вечно ќе остане запаметена“ (ФОТО)

by
1 минути читање

Ангеловски беше човекот кој отиде во Џенова да го убедува Пандев да се врати во репрезентацијата, успеа да го направи тоа, а другото е историја, во буквална смисла.

„На мојoт последeн ден како селектор на Македонската Фудбалска Репрезентација би сакал да упатам голема благодарност до сите репрезентативци на чело со капитенот Горан Пандев и да им посакам да се пласираат на европски и светски првенства како и индивидуални успеси на клупско ниво. Благодарност до мојот стручен штаб, медицинскиот тим,техничкиот персонал. На целата македонска јавност и на сите оние кои успеаја да допатуваат во Букурешт и Амстердам им се заблагодарувам на безрезервната подршка и навивачката атмосфера која ни ја приредија и која ќе ја паметам сиот мој живот. Благодарност до сите домашни и странски новинари. И на крајот упатувам благодарност за безрезервната и безусловна подршка до моето семејство сопругата Тања и моите 3 деца Лука Луна и Леа. На 31.07 завршува мојот ангажман време е за нови предизвици МАКЕДОНИЈА и Македонската Фудбалска Репрезентација секогаш ќе биде дел од моите сеќавања и со задоволство ќе ја паметам“, напиша Ангеловски.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×