Од Бразил најавуваат состанок: Утре во Барселона таткото на Нејмар ќе се сретне со човек од доверба на „каталонците“

by
1 минути читање

Нејмар сака
одново да настапува покрај Лео Меси и Луис Суарез, и се верува дека желба на
Бразилецот е што поскоро да се договори трансферот за тој да не мора да се
врати во Париз.

Утрешниот ден би
можел да биде клучен за операцијата, „Еспорте интеративо“ најави состанок во
Барселона. Новинарот, Марсело Бечлер кој е близок до напаѓаот, пренесе дека
таткото на Нејмар, заедно со адвокатот на играчот ќе имаат средба со Андре Кури,
човек од доверба на „каталонците“ задолжен за Јужна Америка. Тие треба да ги
постават темелите за трансферот и да ги забрзаат работите.

Претходно се
говореше дека ПСЖ може да прифати играч(и) за да се намали цената на трансферот
и беа споменувани имињата на Филипе Кутињо, Осман Дембеле, Иван Ракитиќ и Самуел Умтити.

Но според „Еспорте
интеративо“, шампионот на Франција во моментов не ги сака Кутињо и Дембеле и бара само
кеш за Бразилецот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани