Од Белгија известуваат: Мурињо го контактирал Фелаини, го повикал во Тотнем

by
1 минути читање

Новиот тренер на
Тотнем, Жозе Мурињо сака да ја реобнови соработката со Маруан Фелаини,
известуваат медиумите од Белгија, обајцата соработуваа во Манчестер јунајтед,
но Оле Гунар Солшер одлуки да се ослободи од обврските со Фелаини, кој потоа
замина на Далечниот Исток.

Белгискиот весник
„Ла Дерниер Оуре“ известува дека Мурињо веќе му посочил на раководството на
Тотнем дека 32 годишниот Фелаини му е приоритет за засилување на составот на
тимот од Лондон.

Истовремено,
весникот додава дека Мурињо веќе и стапил во контакт со Фелаини во пресрет на
потенцијалниот потег кој би го повлекол Тотнем во јануарскиот преоден рок.

Фелаини
моментално настапува за кинески Шандонг Лунинг во тамошната Супер Лига, а 32
годишниот Белгиец постигна седум погодоци, а притоа запиша и четири асистенции
во неговите досегашни 22 настапи.

Актуелниот
важечки договор на Белгиецот со кинескиот клуб има важност до декември 2021.
година, со опција за дополнителни 12 месеци, меѓутоа сезоната во кинеската
Супер Лига веќе заврши, а Фелаини нема да има настапи до март идната година. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

×