Аргентинскиот новинар Уго Баласоне вели дека Хулијан Алварез летоска ќе се пресели во Барселона и „каталонците“ нема да платат многу за ангажман на напаѓачот – околу 70 милиони евра.
Хулијан Алварез подолго време е на радарот на екипи како Арсенал, Челси и Барселона, а според новинарот Уго Баласоне, тој кариерата ќе ја продолжи на Камп Ноу.
„Верува дека е време кога кариерата треба да ја продолжи во тим кој ќе му донесе титула, Хулијан Алварез сака да оди во клуб каде ќе може да биде шампион“ – вели новинарот во разговор со „Радио Ла Ред“.
„Информациите кои дојдоа до мене велат дека тој ќе се пресели во Барселона. Има интерес и од Арсенал, но неговиот избор е Барса“.
Уго Баласоне исто така додаде дека зелката ќе биде вредна „околу 70 милиони евра“ и трансферот ќе се реализира по Светското првенство.
Сепак, во Шпанија има малку поинакви информации кога е во прашање иднината на Хулијан Алварез.
Новинарот Санти Овале вели дека агентите на Аргентинецот ја известиле Барселона дека трансферот ќе чини околу 200 милиони евра, сума која „каталонците“ тешко ќе можат да ја платат.
Новинарот Мигел Талавера пак пренесе дека Аргентинецот е поблиску до потпис на нов договор со Атлетико, отколку до трансфер во Барселона, или Челси.
Останува да се види каква ќе биде иднината на Хулијан Алварез, кој оваа сезона игра под своите можности.