109
Промените се прават со цел тренерите да ги имаат сите играчи на кои ќе сметаат за сезоната.
Од следното лето преодниот рок во Англија ќе завршува во 18 часот во последниот четврток пред да почне Премиерлигата.
По тој датум клубовите ќе можат само да продаваат додека трае регуларниот преоден рок во Европа (31 август), но не и да купуваат нови фудбалери.
Во другите земји засега нема најави за промена на датумите за преодниот рок, па така да во останатите делови од Европа фудбалери ќе можат да се купуваат и продаваат до 31. август.