311
Фудбалската репрезентација на Македонија ќе му гостува на Велс во последното коло од квалификациите за Светското првенство.
Овој натпревар ќе реши кој ќе биде второпласиран во групата и ќе биде во подобра позиција пред ждрепката за баражот. За клучниот натпревар селекторот Благоја Милевски не можеше да смета за Езѓан Алиоски и Висар Муслиу, а под знак прашалник за мечот е уште и Јани Атанасов.
Очекуван состав на Македонија:
Димитриевски; Серафимов, Зајков, Стојчевски; Илиевски, Костадинов, Барди, Алими, Ашковски; Елмас, Миовски.