По завршувањето на баражите, познати се сите репрезентации кои ќе учествуваат на Светското првенство 2026, кое ова лето ќе се одржи во САД, Канада и Мексико. Турнирот ќе се игра во проширен формат, со учество на 48 национални селекции, распределени во 12 групи со по четири тима.
Иако до почетокот на Мундијалот има повеќе од два месеци, обложувалниците веќе ги објавија фаворитите за освојување на титулата. Први на листата се актуелните европски шампиони Шпанија, со коефициент 5,5 за конечен триумф. Веднаш зад нив се најде Англија, за чие освојување на пехарот коефициентот изнесува 6,5.
По европската двојка следат гигантите од Јужна Америка, Аргентина и Бразил, кои заедно со Франција имаат идентичен коефициент од 8,5 за освојување на светската круна.
Мундијалот во САД почнува на 11 јуни, а финалето е закажано за на 19 јули.