Ако им се верува на обложувалниците, Жозе Мурињо е пред сензационално враќање во Премиерлигата и се посочува како фаворит за тренерското столче на Евертон.
Семејството Фридкин пред три недели стана нов сопственик на Евертон и се говори дека бизнисмените од САД размислуваат за промена на тренерот.
Низ медиумите кружат неколку имиња, а според обложувалниците, прв фаворит е Жозе Мурињо.
Португалецот веќе соработуваше со семејството Фридкин во Рома, но авантурата заврши лошо, Жозе Мурињо доби отказ по серија слаби резултати.
Доколку „специјалниот“ се врати на „островото“, ова ќе биде негова петта авантура во Премиерлигата откако претходно два пати беше на кормилото на Челси, како и на клупите на Манчестер јунајтед и Тотнем.
Обложувалницата Моцарт за сите нови играчи нуди огромен бонус, регистрирај се ТУКА и добиј бонус до 400 евра.