Облак пред потпис на нов договор со Атлетико Мадрид?

by
1 минути читање

Голманот на
Атлетико Мадрид, а воедно и еден од најдобрите на таа позиција во светот на
фудбалот денеска, Јан Облак е пред потпис на нов договор со шпанскиот
прволигаш, пишува Марка.

Оваа вест доаѓа и
покрај големиот интерес за Словенецот од страна на Манчестер јунајтед, а се
вели дека во новиот договор на 26 годишниот Облак ќе има откупна клаузула од
150 милиони евра, што е за 50 милиони евра повеќе во однос на сегашната.

Очекувањата се
Облак да потпише договор со важност до 2022. година, а истиот би бил само една
дополнителна година во однос на актуелниот кој го има со клубот, а се шпекулира
дека неговата плата ќе изнесува 10 милиони евра на годишно ниво.

Атлетико Мадрид
вложи само 16 милиони евра во Облак при неговиот трансфер од Бенфика во 2014.
година, инвестицијата на Јорганџиите денес се мери во злато, откако тој стана
еден од најдобрите голмани во светот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×