Облак е херојот на Атлетико Мадрид, му одбрани две големи шанси на Барди (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Атлетико Мадрид ги освои трите бода против Леванте, но малку фалеше гостите да си заминеа со бод.

Трите гола беа постигнати во рок од пет минути. Кореа му донесе водство на Атлетико Мадрид во 13. минута, а во 16. Роџер го изедначи резултатот на 1-1. Само две минути подоцна Фелипе погоди за 2-1.

Во финишот од мечот Барди имаше две фантастични шанси. Во 83. по еден убав пробив во шеснаесетникот шутираше силно, но Облак успеа со крајни напори да го одбрани неговиот удар.

Во 93. минута Барди биеше силно со глава под пречката, но Облакс со фантастичен рефлекс успеа да го одбрани и вториот негов удар.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×