Нови докази од
процесот кој се води против Нејмар и обвинувањата од моделот Нажила Триндаде
Мендеш дека била силувана, стигнаа до медиумите.ТВ Рекорд објави снимка на која
се гледа расправија помеѓу фудбалерот на ПСЖ и девојката за која се претпоставува дека се случила ден по сексуалниот однос кој го имале, за кој девојката тврди дека бил без нејзина согласност.
Нејмар лежи на
кревет, девојката е врз него (двајцата се облечени) но по неколку секунди, таа
станува и почнува да го удари фудбалерот и фрли нешто кон него. Нејмар ги крева нозете во обид да се одбрани и ја удира девојката во глава и почнува расправија.
„Знаеш зошто те удирам? Знаеш ли зошто? – вели девојката, а Нејмар одговара, „Не знам“.
„Бидејќи вчера ти
ме нападна мене и ме остави тука сама“ – додава девојката.
Vídeo de encontro entre Neymar e Najila é vazado; veja https://t.co/HzgnPNTKch #Correio24h pic.twitter.com/FZCi2CocLR
— Jornal Correio (@correio24horas) June 6, 2019