Објавени детали за состојбата на Оскар откако колабираше на тренинг, сè уште е во болница

by Стефан
1 минути читање

Бразилскиот фудбалер од средниот ред Оскар (34) е во стабилна состојба, но и натаму останува хоспитализиран во болницата „Алберт Ајнштајн“ во Сао Паоло, каде што беше примен откако претходно оваа недела колабираше на тренингот на својот тим.

Како што пренесуваа претходно медиумите, Оскар ја изгубил свеста за време на подготовките на Сао Паоло, по што бил итно пренесен во болница, каде му била дијагностициран Вагален синдром (краткотрајно губење на свест предизвикан од надворешни влијание).

Овој вид синдром обично трае само неколку секунди и не треба долго опоравување, но кога во прашање се професионални спортисти се вршат дополнителни тестови со цел да се отфрли и најмалиот сомнеж за можни сцреви проблеми.

„Оскар е клинички стабилен, сместен е на кардиолошкиот оддел“, соопштија од клубот.

Оскар се врати во Сао Паоло во декември минатата година, потпишувајќи тригодишен договор со тимот каде што ја започнна кариерата. Во текот на кариерата настапуваше за Интернационал, Челси и кинески Шангај Порт, а за репрезентацијата на Бразил одигра 48 натпревари и постигна 12 гола.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×