Колумбискиот фудбалер Луис Дијаз се најде под големи критики од јавноста откако не присуствуваше на погребот на својот соиграч Диого Жота и неговиот брат, кои загинаа во сообраќајна несреќа. Наместо да се појави и да им оддаде последна почит, Дијаз присуствуваше на концерт во Колумбија.
Снимките од концертот, на кои фудбалерот танцува и изгледа расположено од денот на погребот на Жота брзо станаа вирални на социјалните мрежи и предизвикаа бурни реакции. Многумина ја осудија неговата постапка, оценувајќи ја како непочитување кон својот трагично починат колега.
Денеска се појави и објаснување зошто Дијаз не се појавил и тоа е навистина бизарно.
„Ако Дијаз не се појавеше на забавата, ризикуваше да плати голема отшета и да го уништи настанот, со оглед дека беше една од главите ѕвезди. Меѓутоа колумбискиот на репрезентативец не беше доволно комуникативен кога ја објаснуваше ситуацијата“, пишува „Мундо Депортиво“.
Дополнителна тежина на критиките му дава и фактот што Жота беше еден од првите што јавно му даде поддршка на Дијаз во тешките моменти кога неговиот татко беше киднапиран.