Објаснето: Зошто Трент Александер-Арнолд носи дрес со број „66“

by
3 минути читање

Ли Редклајф,
координатор-менаџер за клупските дресови на Ливерпул, е најголемата причина
зошто Трент Александер-Арнолд и толку многу негови млади фанови сега го
посакуваат бројот „66“ на дресот на Ливерпул.

Малкумина
предвидеа што ќе се случи во годините потоа откако Александер-Арнолд најпрво прогресираше
од академијата на Ливерпул, за потоа да дојде и до првотимски статус во дресот
на англискиот гигант, и не само тоа, туку да се здобие со титулата најдобар
десен бек во светот на фудбалот во моментов.

21 годишниот
Арнолд инаку потекнува од академијата „Киркби“
, инаку тоа е дел од Ливерпул, истата му овозможува
на клубот да се посвети на помладите категории, за нивно развивање, а се врши
постојано скаутирање на развојот.

Откако бил
означен како едно доста талентирано момче во академијата каде започнал со
фудбалската топка на шестгодишна возраст, Арнолд прогресира во сениорскиот тим
на „Редсите“, но со еден доста необичен број на дресот, за што Редклајф сега
објаснува што се крие зад сето тоа, а од неговите зборови доаѓаме до заклучок дека се работи за чиста рутина на вработените на клубот по една доста интересна програма.

Кога ние
добиваме млади момци кои доаѓаат од академијата, секогаш се обидуваме да им
дадеме некој висок број
објаснува Редклајф во интервјуто за официјалниотклупски сајт на Ливерпул.

Ние немаме
традиција да им даваме некој низок број со тоа што тие би имале кратко
размислување на темата дека веднаш успеале да дојдат до таков број, доколку ме
разбирате на што алудирам
“ додава тој.

Го пикирате тој
број бидејќи истиот е слободен, си велиме
: ‘Ќе го дадеме тој број бидејќи само што дојде тука. Кога ќе го видете како подига трофеи и
слави со дрес со број „66“ на себе, тоа е помалку чудно, не можам да го опишам
тоа чувство, чудно е да видите толку висок број, а некој да е толку среќен
носејќи го истиот
“ подвлекува првиот човек за клупските дресови на Ливерпул.

Очигледно е дека
Трент е доста поврзан веќе со тој број, никогаш не побарал да се смени истиот,
сметам дека со овој број многу навивачи на клубов ќе бидат поврзани, ако се
земе во предвид фактот дека момчето потекнува од академијата на клубот, локално
момче, а чудно е воедно и тоа што толку многу дечиња се шетаат низ улиците со
дрес на себе кој носи број „66“, никогаш не би се случило Арнолд да побара
некоја измена на ова поле, тој е среќен со ова
“ наведува тој.

Некој како Трент
е првично срќен што е помеѓу фудбалерите во првиот тим, а веројатно дека ни
самиот не сфаќа колку е добар, тој навистина нема некои посебни барања, да
бидам искрен, тој е момче кога би му дале било кој број на дрес би ви одговорил
:’Да, тоа е за мене, ќе го задржам, меѓутоа тоа станува легендарно во текот
на годините
“ заклучи Редклајф.

Првиот настап на
Трент Александер-Арнолд во сениорска конкуренција за Ливерпул е во 2015. година
на само 16 години, почнувајќи на предсезонскиот пријателски меч против Свиндом,
тогаш носејќи го дресот со број „2“, меѓутоа потоа носеше дрес со број „66“
истото лето во дуелот со Транмере Роверс.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×