1,6K
Денес во терминот од 13
часот на програмата се пет средби во 15. Рунда натпревари од Првата македонска
фудбалска лига, еден веќе доби статус „одложен“.
Станува збор за дуелот
помеѓу Скопје и Шкупи, а причината за одлагањето на мечот е поради тоа што нема
услови за игра на теренот на стадионот „Железарница“ во Автокоманда.

Фото: infosport.mk
Најавите кои
пристигнуваат велат дека истиот меч ќе биде одигран на 22 ноември, доколку
дозволат временските услови.
Фото-вест: fcshkupi.com