Обид за убиство на Здравко Мамиќ, застрелан првиот човек на Динамо Загреб

by
1 минути читање

Непознати напаѓачи од грмшука пукале во Здравко Мамиќ и го раниле во пределот на ногата. Инцидентот се случил во Томиславград.

Мамиќ веднаш бил префрлен во домот за здравје во Томиславград од каде што за хрватските медиуми потврдиле дека Мамиќ има прострелна рана во пределот на десната натколеница. Тој не е во животна опасност. Раната е санирана и наскоро ќе биде пуштен на домашно лекување.

Мамиќ бил на гробот на својот татко кој денес има годишница од смртта, а е нападнат кога излегувал од гробиштата. Во негово друштво биле околу 40 родинини. Очевидци велат дека двајца маскирани напаѓачи изглегле од грмушка и почнале да пукаат кон Мамиќ, се слушнале повеќе истрели, а еден од нив го погодил Мамиќ во ногата.

Полицијата трага по напаѓачите кои побегнале по пукањето.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани