Обезбедувањето спречило тепачка меѓу таткото на Нејмар и Кантона

by
1 минути читање

По крајот на мечот меѓу ПСЖ и Манчестер јунајтед имаше многу тензија, домаќините тешко го прифатија поразот, па се случија низа инциденти.

Шпанските медиуми сега информираат дека за малку била избегната тепачка меѓу таткото на Нејмар и Кантона.

Голема беше радоста на Кантона, Евра и Погба во ложата на стадионот кога Рашфорд постигна гол од пенал. А Кантона се свртел кон местата каде што седат луѓето на Нејмар и го испровоцирал неговиот татко и уште неколку Бразилци.

Вербалната дискусија се вжештила и таткото на Нејмар тргнал и физички да се пресметка со Кантона, но брзата реакција на обезбедувањето спречила тепачка.

Да потсетиме и дека Нејмар по мечот се обидел да се пресмета со судиите, па и тој му создал работа на обезбедувањето.

Проверете го викенд тикетот на БетАдриа!

Можно е и ова да ти се допаѓа

×