Обезбедија историски пласман на СП, но сега поради бизарна грешка на тренерот може да бидат исфрлени

by
1 минути читање

Конго со 2-0 го победи Бенин кој му беше главен ривал во групата и се искачи на првото место со 11 бодови, еден повеќе од Бенин. Со овој триумф тие обезбедија учество на СП во Катар, но…

Во текот на мечот селекторот Купер направи четири замени, тоа е дозволено, но проблемот е што замените мора да бидат направени во три прекини, а Конго во четири наврати ги направиле тие четири замени, што е нерегуларно.

Судиите не ја виделе грешката за време на натпреварот, но од таборот на Бенин го забележале бизарниот пропуст и се пожалиле кај ФИФА.

ФИФА сега го истражува случајот и може да го регистрира натпреварот со службени 3-0 за Бенин. Ако се случи тоа Бенинг ќе биде селекцијата која ќе оди на Светско, а не Конго.

Останува да се види дали ФИФА вината ќе ја бара кај судиите кои дозволиле да се случи грешката, или кај Конго.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани