Обединети во тага: Репрезентативците на првиот тренинг пред дуелите со Лихтенштајн и Велс (ФОТО)

by riste
1 минути читање

Фудбалската репрезентација на Македонија денеска ги почна подготовките за престојните два квалификациски натпревари.

За разлика од претходните собири, овојпат атмосферата е тивка, фудбалерите како и сите Македонци се погодени од големата трагедија која се случи во Кочани.

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) објави слика од првиот тренинг на Македонија и напиша:

Обединети во тагата!
Со срце исполнето со болка и спомен ја споделуваме тагата со семејствата и блиските на настраданите.
Нивниот светол дух ќе живее во нас.
Нека почиваат во мир“.

Македонија во сабота му гостува на Лихтенштајн, а три дена подоцна го пречекува Велс.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани