Пјер Емерик Обамејанг нема убаво спомени од краткиот престој на „Стемфорд Бриџ“, вели дека трансферот од Барселона во Челси била една огромна еб*на грешка.
Летото во 2022 година, Пјер Емерик Обамејанг се врати во Лондон, но овој пат го облече дресот на Челси.
Напаѓачот, кој претходно блескаше во дресот на Арсенал, се задржа само една сезона на „Стемфорд Бриџ“, и истата беше прилично разочарувачка, со само еден гол во Премиерлигата и вкупно три во сите натпреварувања.
„Трансферот во Челси беше огромна грешка, беше огромна еб*на грешка!“ – вели фудбалерот од Габон.
„Таа година (2022) минував низ тежок период во Барселона. Крадци ми влегоа во домот и Барса мораше да продаде еден играч (Обамејанг или Депај), и на маса беше само понудата од Челси“.
„Па си реков, „Ајде, поради семејството ќе се преселам, дури и ако се работи за Челси…“ Знам дека Оливие Жиру премина од Арсенал во Челси и немаше проблеми, но кај мене беше сосема поинаку“.
ФОТО: X/Chelsea FC