Мауро Икарди би
можел да биде искористен во една трампа, за која наводно е сериозно
заинтересиран Арсенал, а во истата би бил приклучен Пјер-Емерик Обамејанг,
известуваат во Италија.
„Тутоспорт“ тврди
дека Обамејанг бил понуден на Арсенал во понуда на трампа за Мауро Икарди, кој
е на позајмица во составот на ПСЖ, а јасно е дека капитенот на „Топчиите“ би
можел уште ова лето да си замине од клубот, од причина што неговиот договор
истекува идната година, а не постојат никакви позитивни сигнали за продолжување
на соработката.
Од друга страна
пак, Икарди нема иднина во Интер, но и покрај тоа што импресионираше во дресот
на францускиот првак, постојат големи дилеми околу тоа дали би останал во тимот
од француската престолнина на подолг рок.
На Островот
пишуваат дека во Арсенал се доволно свесни за тоа што се случува со Обамејанг,
па од таму стравуваат ново сценарио како она со Арон Ремси, кој во Јувентус
замина како слободен играч на трансфер пазарот без никакво обештетување.