Обамејанг со хет-трик ја носи Борусија Дортмунд во четвртфиналето (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Борусија Дортмунд го искористи домашниот терен со 4-0 ја победи Бенфика и со вкупни 4-1 се пласира во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

Резултатот беше отворен уште во 4. минута кога Обамејанг погоди со глава за водство на Борусија Дортмунд од 1-0.

Долго овој резултат беше актуелен, Бенфика имаше неколку шанси за израмнување, но откако ги промаши стигна казна. Во 59. минута Пулишиќ со убав лоб удар зголеми на 2-0.

Само две минути подоцна Обамејанг со својот втор гол зголеми на 3-0, а во финишот од мечот реализираше и хет-трик за конечни 4-0.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани