Обамејанг очи во очи со управата на Борусија Дортмунд, познати се детали од разговорот

by
1 минути читање

Според
информациите кои ги пренесува „Билд“, се вели дека Габонецот од редовите на
тимот од Дортмунд, Пјер-Емерик Обамејанг наводно побарал од управата на клубот
да му дозволи да си замине летово.

Неофицијално,
напаѓачот имал средба со управата на клубот оваа недела и истакнал дека сака да
се бори за најголемите трофеи во Европа, од тука порачал дека дефинитивно сака
да биде ослободен за трансфер летово.

Најсериозни
претенденти за потписот на одличниот напаѓач се англиските премиерлигаши
Манчестер јунајтед, Манчестер Сити и Челзи, во трката за неговиот потпис истовремено
е
вклучен
и француски Париз Сент Жермен.

Германскиот
бундеслигаш би можел да има супер заработка од евентуалниот трансфер на
Обамејанг летово, наводно Борусија за неговите услуги бара над 70 милиони евра.

Габонецот
забележа уште една фантастична сезона во дресот на „Милионерите“, на 32
натпревари постигна 31 погодок и со тоа беше клучен играч за својот тим во
пласманот за Лигата на шампионите следната сезона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани