На вчерашното дерби помеѓу Шалке и Борусија Дортмунд кое заврши 1-1, Обамејанг беше во центарот на вниманието.
Тој му донесе водство на својот тим и погодокот на прослави со маска од Луча Либре. Претходно Обамејанг прославувал погодоци со маски од Спајдермен и Бетмен.
Веднаш по мечот Обамејанг беше обвинет дека со таквите прослави станува арогантен.
Прв во одбрана застана тренерот Томас Тухел: „Мислам дека е лицемерно да кажете дека тоа е арогантен гест“.
А подоцна Обамејанг на својот твитер профил ја објасни прославата.
„Јас арогантен? Ајде момци, ова е начинот на кој живеам! Ова е мојот свет, јас сум како дете кое ужива да игра фудбал (тажен сум поради резултатот) но продолжуваме понатаму“ – напиша Обамејанг на својот инстаграм профил.