Генералниот
извршен директор на Борусија Дортмунд, Ханс-Јоаким Вацке за момент „удри“ сеир
на сметка на поранешниот напаѓач на бундеслигашот, моментално член на Арсенал,
Пјер-Емерик Обамејанг, меѓутоа овој не му остана должен, па му врати во иста
мера, а можеби и поголема.
„Обамејанг кој е
многу добар во Арсенал, веројатно е среќен кога ќе си ја погледне сметката, но,
во среда ќе гледа Лига на шампиони на телевизија, и сигурно ќе биде тажен
поради тоа“ беше изјавата на Вацке, а Обамејанг веднаш возврати.
„Подобро е за
тебе да не зборувам за причините поради кои го напуштив Дортмунд г-дине Вацке,
ти кловну еден. Се сеќавам на твоите зборови дека никогаш нема да го продаме
Осман Дембеле, а потоа виде повеќе од 100 милиони и беше првиот кој ги прифати
тие пари, не зборувај за пари, те молам!!! Те молам оставиме на мира“ напиша
Обамејанг на „Твитер“.
class="twitter-tweet" data-lang="en">