Милан го загуби првиот пријателски меч одигран во Кина, Борусија Дортмунд победи со 3-1, Обамејанг беше главен играч на натпреварот.
Монтела натпреварот го почна само со тројца од новите засилувања, Родригез, Кеси и Борини. Во текот на вториот дел влегоа и Чалханоглу и Мусакио.
Резултатот беше отворен уште во 16. минута со гол на Нури Сахин, само две минути подоцна, Обамејанг од пенал зголеми на 2-0.
Милан успеа брзо да се врати, во 24. минута Бака постигна гол за намалување на 2-1.
Конечните 3-1 за Борусија Дортмунд беа поставени во второто полувреме, кога во 62. минута по асистенција од Пулишиќ, Обамејанг повторно ја тресе мрежата на Милан.
Ова можеби е само уште една добра препорака за Милан, да тргне посилно кон потписот на Обамејанг.