Обамејанг има втора шанса да го исполни ветувањето кон дедо му

by
1 минути читање

Обамејанг откри дека пред да почине дедо му, тој му ветил дека еден ден ќе игра за Реал Мадрид.

„Пред да почине дедо ми, му ветив дека еден ден ќе заиграм за Реал Мадрид“, отркива Обамејанг.

„Дедо ми беше од Авила, тоа не е далеку од Мадрид“.

„Знам дека не е лесно да се заигра за Реал, но тоа е нешто кое ми стои во умот“.

„Головите ги прославувам како легендата на Реал Мадрид, Хуго Санчез“.

„Сум гледал многу видеа од него на интернет, го следам од мал“.

Хуго Санчез има постигнато 208 голови на 283 натпревари за Реал Мадрид и освоено пет титули во Ла Лига во периодот од 1985 до 1992 година.

Обамејанг кога заминуваше од Борусија Дортмунд се поврзуваше и со Реал Мадрид но заврши во Арсенал. Напаѓачот сега има втора шанса да заигра за кралскиот клуб и да го исполни ветувањето кое му го дал на дедо му.

Неговиот договор со Арсенал истекува во јуни 2021 година и нема намера да ја продолжи соработката. Топчиите не сакаат повторно да имаат случај како Арон Ремзи кој си замина бесплатно, па затоа ќе мора да го продадат Обамејанг ова лето.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×