425
Африканските квалификации за Светското првенство се полни со скандали, еден од нив доаѓа и од Габон.
Мароко со 3-0 го победи Габон и го исфрли од можноста да се пласира на Светското првенство. Но првата ѕвезда на оваа репрезентација тврди дека тој и неговите соиграчи биле отруени пред почетокот на мечот.
„Пола тим и стручниот штаб почувствуваа стомачни мачинини пред натпреварот со Мароко. Можеби е од сокот од портокал кој го пиевме утрото“ – изјави Обамејанг.
Тој твит ги разбесни Мароканците па Мехди Бенатија му одговори велејќи дека сокот бил одличен и да провери да не е чај во прашање можеби.