267
Пјер Емерик Обамејанг од Борусија Дортмунд премина во Арсенал. Сега генералниот извршен директор на германскиот клуб, Јоаким Вацке му фаќа сеир дека не игра во Лигата на шампионите.
„Обамејанг кој е многу добар во Арсенал, веројатно е среќен кога ќе си ја погледне сметката, но во среда ќе гледа Лига на шампиони на телевизија, и сигурно ќе биде тажен поради тоа“, изјави Вацке.