153
Пред Македонија е натпреварот во рамките од Лигата на Нации против Фарски Острови, а денеска се познати и главните арбитри за овој дуел.
Правдата во натпреварот на Македонија ќе ја дели Литванецот, Манфредас Лукјанчукас. На Лукјанчукас ќе му помагаат неговите сонародници: Мангридас Мираускас и Александрас Степеновас, а за четврти судија е назначен Вилиус Палускас.
Натпреварот со Фарски Острови е закажан за 7 септември, додека три дена подоцна во Скопје ќе се соочиме со Ерменија.