Oдреден судијата за натпреварот помеѓу Фарски Острови и Македонија

by Стефан
0 минути читање

Пред Македонија е натпреварот во рамките од Лигата на Нации против Фарски Острови, а денеска се познати и главните арбитри за овој дуел.

Правдата во натпреварот на Македонија ќе ја дели Литванецот, Манфредас Лукјанчукас. На Лукјанчукас ќе му помагаат неговите сонародници: Мангридас Мираускас и Александрас Степеновас, а за четврти судија е назначен Вилиус Палускас.

Натпреварот со Фарски Острови е закажан за 7 септември, додека три дена подоцна во Скопје ќе се соочиме со Ерменија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани