Њукасл пробал да опипа терен за ангажман на Лаутаро Мартинез, агентот не сакал ниту да им крене слушалка

by bojan
1 минути читање

Медиумите од Аргентина пренесуваат дека Њукасл се обидел да опипа терен за ангажман на Лаутаро Мартинез, но агентот на напаѓачот не одговорил на повикот за да разговараат за можен трансфер.

Иднината на Александер Исак на „Сент Џејмс Парк“ е под голем прашалник, па Њукасл сака да донесе засилување за нападот.

Последните информации велат дека Њукасл пробал да опипа терен за ангажман на Лаутаро Мартинез од Интер.

Но агентот на Аргентинецот не сакал ниту да крене слушалка и не одговорил на повикот за да разговараат за можен трансфер.

Калчомеркато објави и кратка изјава од Алехандро Камања, кој вели: „Лаутаро игра за Интер, тим кој финишираше како вицешампион во Лигата на шампион. Тој е капитен на Интер, среќен е во Милан. На одредени прашања нема потреба да се одговара“.

ФОТО: X/Inter

Можно е и ова да ти се допаѓа

×