Сандерленд славеше голема победа од 1-2 на гостувањето кај Њукасл во дуелот од 31. коло во Премиер лигата.
Домашните поведоа рано преку Гордон во 10. минута, но Сандерленд направи пресврт во второто полувреме. Талби израмни во 57. минута, а Броби донесе победа со гол во 90. минута.
Њукасл беше подобар во првиот дел и создаде неколку шанси, но не успеа да ја зголеми предноста. Во продолжението гостите заиграа поагресивно и тоа им се исплатеше со целосен пресврт.
Со овој триумф Сандерленд ја продолжи одличната серија против големиот ривал и сега има 11 натпревари без пораз во лигашките дербија, при што на последните девет има дури осум победи.
На табелата Сандерленд се искачи на 11. место со 43 бода, додека Њукасл е 12. со 42.