Њукасл одлучи: Секој кој го сака Исак ќе треба да плати богатство

by Стефан
0 минути читање

Eкипата на Њукасл влезе во победничка серија со која се доближи до врвот во Премиер лигата, а еден од најзаслужните секако е Александар Исак.

Швеѓанецот постигна клучни голови во важните натпревари за тимот во „Сент Џејмс Парк“, па така порасна и неговата цена.

Претходно неговата цена се проценуваше на 100 милиони евра, меѓутоа сега изгледа таа е многу повисока.

„Њукасл сега мисли поинаку и 100 милиони евра нема да се доволни за Исак. Неговата цена сега е 160 милиони евра“, пишуваат медиумите повикувајќи се извори блиски до клубот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×