Њукасл не се откажува: Ќе влезе во битка со гигантите

by Стефан
1 минути читање

Премиерлигашот Њукасл ќе има сериозни проблеми да го задржи во своите редови Александар Исак кој најдобриот, но највреден фудбалер на овој тим.

Швеѓанецот во клубот пристигна во 2022 година за сума од 63 милиони евра и сезонава игра во фантастична форма. Во дресот на Њукасл, Исак постигна 23 гола во сите натпреварување.

Настапите на Исак ги следат Арсенал, Ливерпул и Барселона и тие се подготвени да реагираат и да го доведат во своите редови.

Њукасл сака да го задржи, меѓутоа тешко дека може да парира на платата која може да му ја понудат заинтересираните гиганти. Напаѓачот во овој момент во Њукасл заработува 120.000 фунти, а наводнот клубот може да му понуди зголемување најмногу до 200.000 фунти неделно.

Како посебен адут за Њукасл може да биде и пласманот во Лигата на шампионите преку Премиер лигата, но иако не се далеку прво треба да го обезбедат.

Подготвени се во Њукасл да влезат во битка со гигантите, но дали ќе успеат да излезат како победници ќе видиме во наредниот период.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани