Њукасл не попушта: Одбил историска понуда за Исак!

by Стефан
1 минути читање

Иако според последние информации од Островот, Александар Исак ги договорил личните услови со екипата на Ливерпул, Њукасл не попушта.

Преговорите траат веќе подолго време и според информациите денеска пристигнала и првата официјална понуда. Ливерпул за услугите на напаѓачот понудл сума од 138 милиони евра, плус бонуси, но тоа не било доволно за Њукасл. Станува збор за сума која би била британски рекорд со што многу брзо би се срушил рекордот кој Ливерпул го плати за Вирц неодамна (125 милиони евра).

На Островот се шпекулира дека Ливерпул сега подготвува нова понуда која би можела да достигне и 150 милиони евра.

Раководството на Њукасл сака да го задржи Исак и подготвени се да му понудат нов договор со клаузула да може да замине следната година, но наводно самиот фудбалер има желба за преселба на „Енфилд“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×