Њукасл и Нотингем форест одиграа спектакуларен меч кој го добија домаќините со 4-3.
Натпреварот почна одлично за гостинскиот тим кој со гол на Хадсон Одои уште во шестата минута дојде до водство од 1-0.
Од 23. до 34. минута Њукасл постигна дури четири голови, два беа дело на Исак, а по еднаш погодија Милеј и Марфи. Домаќините не само што го свртеа резултатот, туку дојдоа до убедливи 4-1.
Во вториот дел Нотингем форест даде уште два гола преку Миленковиќ и Јејтс, но не успеа да избегне пораз. Мечот заврши 4-3.